Кое е соодветното ниво на интимност пред бракот?

Прашање Кое е соодветното ниво на интимност пред бракот? Одговор Ефесјаните 5:3 ни кажува, “А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост дури да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии.“ Било што и да “алудира“ на сексуален неморал не е соодветно за Христијанин. Библијата не ни дава листа на она…

Прашање

Кое е соодветното ниво на интимност пред бракот?

Одговор

Ефесјаните 5:3 ни кажува, “А блудство и секаква нечистота или, пак, користољубивост дури да не се спомнуваат меѓу вас, како што им прилега на светии.“ Било што и да “алудира“ на сексуален неморал не е соодветно за Христијанин. Библијата не ни дава листа на она што се квалификува како “алудирање“ или пак ни кажува кои физички активности се одобрени за двојката да ги вклучи пред бракот. Меѓутоа, само затоа што Библијата не говори специфично за тоа нешто, не значи дека Бог одобрува “пред-сексуална“ активност пред бракот. По суштина, предиграта е планирана да спреми некој за секс. Тогаш логично, предиграта треба да биде ограничена само на брачните двојки. Се што може да се смета како предигра треба да се избегнува до бракот.

Ако постои било каков сомнеж за тоа дали некоја активност е права за невенчана двојка, треба да се избегнува (Римјани 14:23). Која и да е или сите сексуални или пред-сексуални активности треба да бидат ограничени само на сексуалните двојки. Невенчаната двојка треба да избегнува било каква активност што ги искушува кон секс, што дава изглед на неморал, или што може да се смета за предигра. Многу пастори и христијански советници силно советуваат двојката да не оди подалеку од држење за раце, гушкање, и лесно бакнување пред бракот. Колку повеќе брачната двојка има да споделува исклучиво помеѓу себе, толку посебна и уникатна сексуалната врска во тој брак ќе станува.

[English]



[вратете се назад на основната македонска страница]

Кое е соодветното ниво на интимност пред бракот?

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.