Дали според Библијата мастурбацијата е грев?

Прашање Дали според Библијата мастурбацијата е грев? Одговор Никаде во Библијата не се зборува за мастурбацијата, ниту се кажува дали е грев или не. Фактот, дека не се споменува во Библијата не означува дека тоа е нешто правилно и добро. Во Словото се кажува, дека ние како христијани не треба да правиме ништо што дури…

Прашање

Дали според Библијата мастурбацијата е грев?

Одговор

Никаде во Библијата не се зборува за мастурбацијата, ниту се кажува дали е грев или не. Фактот, дека не се споменува во Библијата не означува дека тоа е нешто правилно и добро. Во Словото се кажува, дека ние како христијани не треба да правиме ништо што дури наликува на сексуална нечистотија. (Ефесјани 5:3) Не разбирам како може мастурбирањето да го издржи овој тест. Понекогаш добар начин да разбереш дали едно нешто е добро или не е да се запрашаш: Дали би се гордеел да го раскажеш тоа, што си го направил на другите. Ако е нешто, од кое ќе се засрамите, тогаш по секоја веројатност станува збор за грев. Друг начин да проверите, е да видите дали можете искрено да Го помолите Бога да го благослови и да го искористи тоа конкретно дејство за Своите добри цели. Мислам дека мастурбацијата не е нешто, со што можеме да се гордееме или за кое можеме искрено да му заблагодариме на Бога.

Библијата не учи: „Според тоа, јадете ли, пиете ли, или ако правите нешто друго, правете сè за Божја слава.“ (1 Коринтјани 10:31) Ако дури и најмалку се сомневаме дали дадено нешто е угодно на Бога, подобро е да се откажеме од него. Сос сигурност можеме да имаме сериозни сомнежи за богоугодноста на мастурбацијата. „ …а сè што не е од вера, грев е.“ (Римјани 14:23) Не гледам како, според Библијата, мастурбацијата може да се смета за нешто, што Го прославува Бог. Покрај тоа треба да помниме, дека и нашите души и нашите тела се искупени и Му припаѓаат на Бог. „Или не знаете дека вашето тело е храм на Светиот Дух, Кој е во вас, Кого Го имате од Бога, па не си припаѓате само на себеси. Зашто скапо сте купени. И така прославете Го Бога во своето тело и во својот дух, кои се Божји.“ (1 Коринтјани 6:19-20) Оваа голема вистина треба да покаже големо влијание врз тоа каде одиме и што правиме со своите тела. Така да во светлината на овие принципи можам да кажам без сомневање, дека според Библијата мастурбацијата е грев. Не верувам дека мастурбацијата е угодна на Бога, дека има вид на прилично однесување, или дека може да издржи на Божиот тест за тоа да ги контролираме нашите тела.

[English]



[вратете се назад на основната македонска страница]

Дали според Библијата мастурбацијата е грев?

Similar Posts

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.